Вардар сака со победа против Кристијанштад, утревечер (18,45 ч.) да направи голем чекор кон пласманот во следната фаза од Лига Европа, што е еден од клупските цели сезонава.
На првиот дуел во Шведска, македонскиот тим прими гол во последната секунда и домаќините се радуваа на два бода. Сега е реваншот кој може повторно да го врати Вардар на првото место на тебелата.
„Не чека реванш со Кристијанштад. Кога ќе загубиш се испитува се анализира, и сега имавме неколку денови да се подготвиме. Одиме на победа. Секогаш сме фаворити тука, мораме да презентираме добар ракомет. Ги поканувам навивачите да се направи добра атмосфера во салата, да избориме прво место во групата, вели Иван Чупиќ, тренерот на Вардар.
Згуснатиот распоред и играњето среда – сабота не дозволва многу време за посебна подготовка. Овојпат „црвено-црните“ имаа некој ден плус да се спремам за шведскиот тим. Треба да се отстранат грешките од првиот меч. Таму имавме лошо прво полувреме, и добро второ.
„Нападот 6 на 6 и одбраната беше добра на првиот меч, но имавме проблеми со технички грешки, транзиција, со враќањето. Сите скандинавски екипи, па и Кристијанштад сакаат на технички грешки да прават резултат, затоа зборуваме да има дисциплина околу трчањео, да се намалат грешките. Тука гледам најголемо подобрување. Акцент овие денови беше околу таа дисциплина, смета Чупиќ.
Вуко Борозан се уште не е доволно подготвен, Лазаревски, Еспиња и Кеита веројатно ќе почнат со играње во вториот дел од сезоната. Лазаревски сега почнува да работи, Не има 16-17 играчи кои сме здрави. Треба да „се тепа, да се победува“. Додека Вардар има 6 играчи мора да оди на победа. Има уште простор за напредок. Гоце Гепргиевски ќе се врати за овој меч, а Богдановски нема да биде во состав, објасни тренерот на Вардар.
До крајот на мечевите од групната фаза, остануваат уште три средби, дома со Кристијанштад и Тулуз, и гостување кај Сесвете

























