Што го чека Охрид во осминафинале на ЕХФ Купот?

Охрид славеше против Слога Добој со 37-19, па веќе може да ги прави плановите за осминафиналето во ЕХФ Европскиот Куп напролет.

„Гладијаторите“ на ждрепката ќе бидат во првиот шешир, па колку и да звучни нескромно, сигурно веќе размислуваат за следниот ривал.

По Баку и Слога, Охрид би можел да игра против посилен ривал, но може да налета и на ривал по мерка. Ако се погледнат резултатите од првите средби најнеизвесни се дуелите меѓу Извиѓач и Дуделанж, Брно и Берхем, односно Полва Сервити и БК46.

Кој и да биде иден ривал од овие три двојки, Охрид ќе биде фаворит, а македонскиот тим би бил фаворит и против екипи од типот на Дукла Прага, Коњух Живинице, кои имаат висока предност по првите средби.

Најважно ќе биде да се избегнат унгарските Татабања и Балатонфуреди во оваа фаза, иако тимот од езерото Балатон не е на нивото од претходните сезони. Меѓу можните ривали е Бешикташ (турскиот тим славеше против ПАОК со пет гола), но тимот од Истанбул иако не е ривал што не може да се помине, би било добро да се избегне барем до четвртфиналето.

Но најпрво да се одиграат реваншите следниот викенд, ЕХФ да ги потврди шеширите, па потоа ќе ги правиме подеталните калкулации за осминафиналето

ЕХФ Европски Куп, мажи, 3 коло, резултати:

Бешикташ – ПАОК 30-25
Татабања – Сур Арау 40-33
Будванска Ривиера – Тримо Требње 23-33
Бузау – Макаби Тел Авив 36-33, 40-33
Олимпијакос – Касано 25-20
Брно – Берхем 27-25
Карвина – Тирол 43-25
Војводина – Целје 34-32
Фиверс – Балатонфуреди 31-34
Сасари – Коњух Живинице 28-36
Дукла Прага – Драма 27-20
Полва Сервити – БК46 28-27
Бурса – Диферданж 35-29
Рунар – Свиеса 36-30
Извиѓач – Дуделанж 29-27
Охрид – Слога Добој 37-19