Охрид е на прагот да ја оствари првата зацртана цела – да презими во Европа, откако со 37-19 (16-8) го победи босанскиот тим на Слога Добој. Само неколку дена откако пред домашна публика го доби првото дерби од „големата четворка“ и Кирил Лазаров и неговиот тим мораа да „капитулираат“ сега продолжува победничката низа на „сините“. Одиграа „гладијаторите“ и ефикасно во напад и добро во одбрана.
Следната недела во Градишка е реваншот од 3. коло на Купот на ЕХФ во кој македонскиот тим патува како фаворит со оглед на предноста што ја оствари на домашен терен. Победникот од овој двомеч ќе „презими“ во Европа и во средината на февруари ќе игра за првпат во осминафиналето на Купот на ЕХФ, резултат кој досега го нема постигнато ниту еден од двата тима.
Ангажирањето на голманот Кристијан Пилиповиќ се покажа како одличен потег на охриѓани, а тоа го потврдија неговите 11 успешни одбрани уште во првото полувреме од натпреварот кога се најави и триумфот на „гладијаторите“. Домашните од самиот почеток покажаа дека сакаат уште на домашен терен да направат добар резултат со ќе патуваат без големи грижи на реваншот. Гостите се држеа до почетните 4-3. А потоа тргна охридската машина.
Со серија од 4-0 Охрид зголеми на 8-3 во 12 минута, а дотогаш Пилиповиќ имаше веќе пет успешни одбрани. Гостите имаа само 2-3 расположени играчи, а голманот Ѓоѓе Босиќ одбрани 5 топки, одржувајќи некоја разлика. Тренерот Борис Ројевиќ користеше повеќе ракометари, и постојано имаше свежа седморка на теренот. Малку траеше периодот во кој Охрид не успеа да го зголеми водството, но потоа Стефан Петриќ со два гола, во 20 минута му донесе првпат водство на својот тим од дотогапш највиоските 12-5.

Клупата на Охрид беше „подолга“, поквалитетна и пред се реализаторски и одбранбено расположена. Тоа му носеше на домашниот тим голема предност, и од највисоките седум, на полувреме се замина со „плус 8“ и водство 16-8. Дури осуммина играчи с езапишаа во листата на стрелците за Охрид покажувајќи ја разновидноста и квалитетот кој го поседуваат домашните.
Само што почна второто полувреме гостите веќе анулираа два гола, постигнувајќи ги во серија. Охрид имаше неколку технички грешки, а во 37 минута тренерот Борис Ројевиќ реши да побара тајмаут за да ги „разбуди“ своите играчи и да побра да играат како на крајот од првото полувреме. И дојде тааигра, па во 42 минута Иванковиќ зголемува на највисоките „плус 9“ дотогаш на средбата за водство 23-14. Немаше дилеми кој ќе победи, но сега се бараше и повисока гол разлика со која би се патувало на реваншот.
Тилен Стрман во 47 минута првпта ја „раситни“ дестката за водство 26-16. Во 48 минута Пилиповиќ ја имаше 16 одбрана на натпреварот, исто колку што и гостите постигнаа голови. А веќе во следниот напад Дарко Ѓукиќ зголеми на 27-16. Потоа и Јагуриновски зголеми на 27-16 првпат со повеќе од 10 гола предност. Тилен Срмљан и со играч помалку, а потоа и Николас Лиапис во контра му донесоа водство на Охрид од 30-17 во 52 минута, како најава не само за триумф туку и за висока разлика.

Тука не застанаа домашните, туку уште повеќе ја зголемуваа предност, па Стефан Петриќ во 54 минута му донесе уште поголемо водство на својот тим, 31-17 по што гостите очекувано побараа тајмаут. Стигнаа и највиоските 33-18, а потоа и 34-19 дотогаш на средбата. Пилиповиќ продолжи со добрите одбрани, и со свијата 17 на мечот му даде посилен „ветер во грб“ на тимот, на 90 секунди до крај на средбата.
И со играч помалку Охрид игра офанзивно, без голман во напад, а Петриќ зголемува на 35-19, за потоа во нова контра да погоди за 36-19. А Пилиповиќ повторно брани, за да му озвозможи на Томи Јагуриновски да даде гол за највисоката предност 37-19.


























