Уапсен некогашен ракометар на Металург!

Црногорската полиција го уапси некогашниот ракометар на Металург, Василије Калуѓеровиќ, кој се сомничи за кривично дело – насилничко однесување кон негов сограѓанин.

Како што пишува „Вијести“, а според полицијата, инцидентот се случил на 13 ноември, пред бензиска станица во Цетиње, кога Калуѓеровиќ го нарушил јавниот ред и мир и физички нападнал 21-годишно лице.

„Му се доближил и му задал повеќе удари во пределот на главата и телото, при што на оштетениот му се нанесени полесни телесни повреди. Осомничениот ќе биде спроведен пред надлежниот обвинител во Основното државно обвинителство во Цетиње“, се вели во објавата.

Калуѓеровиќ потекнува од Ловќен Цетиње, играше за Извиѓач Љубушки и шведскиот Гуиф пред во сезоната 2020/21 да дојде во Металург. По една сезона замина во германскиот Потсдам, таму остана две години, а последните две ги мина во Ал Кадсија и Ал Кураин во Кувајт.