Атлетик без конкуренција – седум од седум во Првата лига

Тимот на Атлетик ја запиша седмата победа во седмиот натпревар во прволигашката конкуренција оваа сезона.

Избраничките на Татјана Хмирова славеа против Деспина со 29-16, а победата беше обезбедена уште по првото полувреме.

По 6-4 на стартот, домаќинките направија серија од шест погодоци за 12-4 и веќе немаше дилеми околу победникот.

Во нападот на Атлетик доминираа битолчанките Дамјановска со пет и Босилковска со четири гола, додека пет гола за Деспина даде Ѓорѓиоска.

Во следното коло Атлетик ќе игра на гости кај Ѓорче Петров 2, додека Деспина ќе ја пречека екипата на Јехона.