Десното крило Бенце Имре по крајот на договорот со Кил следното лето ќе се врати во татковината и ќе заигра за унгарскиот гигант Веспрем. Тоа значи дека од клубот ќе замине Словенецот Гашпер Маргуч. Имре би бил вториот Унгарец во Веспрем по Патрик Лигетвари, а сите останати се странци.
Десното крило Лука Периќ идното лето ќе си замине од словенечкиот Целје Пивоварна Лашко. Според „Handballia“, Периќ е на добар пат да го засили францускиот вицешампион Нант.
Средниот бек Натан Суарез, кој во моментов игра за португалскиот првак Спортинг Лисабон би можел да ја смени средината идното лето. Според „RTHandball“, шпанскиот плејмејкер ќе го засили францускиот Монпелје.
Данскиот кружен напаѓач Фредерик Ладефогед од наредната сезона ќе настапува за францускиот шампион ПСЖ. Tој доаѓа од романскиот Динамо Букурешт, а претходно беше дел од данските Сондерјиске, Скандерборг и Холстебро, како и германскиот Бергишер.