Тимот на Вардар ги пушти во продажба билетите за натпреварот од 4 коло во Лигата на Европа против шведскиот тим Кристијанштад.
Билетите се продаваат по цени од 200, 250 и 300 денари, во зависност од местото на седење во салата.
Тие може да се купат онлајн ТУКА, како и на билетарницата на СЦ „Јане Сандански“ секој работен ден од 10:00 до 18:00 часот.
Натпреварот меѓу Вардар и Кристијанштад се игра во вторник, на 18 ноември, со почеток од 18:45 часот.
























