Ракометарите на Охрид го добија првото големо дерби во Супер машката лига, откако славеа против „сино-белите“ од Автокоманда со 28-24.
Еден од творците на победата беше средниот бек од Словенија, Тилен Стрмљан, кој постигна дури 11 погодоци.
„Целата екипа, секој играч вечерва даде се од себе. Одигравме така како што се договоривме и во првото полувреме дозволивме противникот да постигне само 11 гола. Во второто полувреме направивме неколку грешки, со кои го вративме противникот во игра, но повторно се кренавме и заслужено победивме“, вели Стрмљан.
Сега „гладијаторите“ ги чека дуел со Слога Добој.
„Ова е добра увертира и добра мотивација за следните предизвици. Се играат два меча против Слога Добој, знаеме дека никогаш не се знае кога има и реванш. Но сега да се регенерираме добро, да одиграме уште подобро и да се пласираме во осминафиналето“, заврши Стрмљан.
Натпреварот меѓу Охрид и Слога Добој во ЕХФ Европскиот Куп се игра в недела во СРЦ „Билјанини Извори“ со почеток од 18:00 часот.

























