ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Чаир против Вардар, Алборг гостува кај Келце, Барса ја чека Висла…

Денеска низ Европа ќе се одиграат четири натпревари и ќе биде комплетирано 7 коло од Лигата на шампионите.

Се очекуваат возбудувања во Келце и во Лисабон, а Барселона и Нант се фаворити против Висла Плоцк и Динамо Букурешт.

Покрај натпреварите во најелитната конкуренција, денеска ќе се игра и во Македонија, каде што стартува ново коло во Супер женската лига.

Од 19:00 часот во салата „7 Март“ ќе играат Вардар и Чаир, кои ги заменија домаќинствата.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

18:45 КЕЛЦЕ – АЛБОРГ (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)
20:45 БАРСЕЛОНА – ВИСЛА ПЛОЦК (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)
20:45 НАНТ – ДИНАМО БУКУРЕШТ (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)
20:45 СПОРТИНГ ЛИСАБОН – ФУКСЕ БЕРЛИН (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)
19:00 ВАРДАР – ЧАИР (МАКЕДОНИЈА)