Поранешниот голман на Еурофарм Пелистер, Филип Ивиќ, ќе има нов предизвик во кариерата по раскинот со Војводина.
Хрватскиот чувар на мрежата се пресели во белорскиот вицепрвак Мешков Брест и веќе го имаше дебито во регионалната СЕХА лига.
Ивиќ доаѓа на местото на друг хрватски голман Сандро Мештриќ, кој го раскина договорот со Мешков Брест, каде што беше позајмен од Келце.
Некогашниот пелистерец по една сеозна во Битола требаше да се пресели во Војводина, но договорот беше прекинат уште пред да почнат подготовките со српскиот вицепрвак.
Во меѓувреме Мешков Брест остана без Мештриќ, па сега голманскиот двоец ќе го сочинуваат Ивиќ и Заболотин, а белорускиот тим одново стана балканска колонија бидејќи таму се Стјепановиќ, Лазовиќ, Драгашевиќ, Матијашевиќ…
























