Кружниот напаѓач на Чаир, Сабрина Фиоре, се најде на скратениот список на Парагвај за претстојниот Мундијал.
Селекторката Мариза Фаира ја вметна Фиоре меѓу 16 ракометарки на кои ќе смета во Германија и Холандија.
Фиоре настапи за Парагвај на СП 2017 во Германија, а сега одново на истото место ќе бие битки за јужноамериканската селекција.
Парагвај е во европска група на Мундијалот и ќе игра против Црна Гора, Шпанија и Фарски Острови.
СП 2024 ќе се одигра во три града во Германија и два во Холандија од 26 номеври до 14 декември.
























