Ракометарката на Ѓорче Петров, Бојана Коцева, го доби признанието за најкорисен играч, односно ѕвезда на 5. коло во Супер женската лига.
Средниот бек на македонскиот шампион имаше одлична партија на дерби натпреварот против Металург Автокоманда.
Бојана Коцева го освои првото место откако доби околу 43% од гласовите на читателите на 24Ракомет.
Во конкуренција за ѕвезда на 5. коло беа членките на Куманово, односно Металург Автокомадна, Ева Ѓорѓиевска и Ана Марија Коларовска.



























