Инцидент по натпреварот во Гостивар – „трето полувреме“ меѓу Јехона и Кичево 2020

Натпреварот меѓу РК Јехона и РК Кичево 2020 од Првата лига не заврши на спортски начин – по последниот свиреж од првото полувреме, мечот доби несакано продолжение надвор од теренот. Средбата ја доби домаќинот со 35-24, а имаше и еден црвен картон кај домаќините.

Гостинскиот клуб Кичево 2020 објави соопштение на својот официјален Фејсбук профил, во кое тврди дека по завршувањето на првиот дел дошло до физички напад врз претседателот на клубот. Според нивното објаснување, инцидентот започнал кога играчот на Јехона, Мојсе Тасески, наводно го навредувал и плукал претседателот на кичевскиот клуб, а потоа во соблекувалната влегол и мерaчот на време, кој физички го нападнал.

„Нашиот претседател беше нападнат со два бокса во главата, во присуство на сите играчи. Сакаме да ја информираме јавноста дека ние сакаме да играме ракомет, а не да трпиме насилства и примитивизам,“ стои во соопштението на РК Кичево 2020.

Ова е, како што наведуваат од клубот, трет ваков инцидент во последните неколку сезони кога играат со тимот од Гостивар.

Од Ракометната федерација на Македонија засега нема официјална реакција, но можно е случувањата да бидат дел од извештајот на делегатот и предмет на дисциплинска постапка.

На видео снимката од мечот се гледа како снимањето прекинува веднаш штом ќе заврши првиот дел, а екипите се уште на терен, и повторно ќе се вклучи после 4,5 минути. Пред почетокот на вториот дел има разговор меѓу претствниците на полицијата и од гостинскио тклуб, и во текот на целото второ полувреме имаше полиција веднаш до записничката маса, што не беше случај со првото полувреме. И после мечот кај записничката маса има „објаснување“.

Гол-шоу на Салиу, Јехона се врати на победнички патеки