Ракометарите на Охрид ги очекуваат две пресметки против Баку од Азербејџан во второто коло од ЕХФ Европскиот Куп.
Шпанскиот интернационалец Ориол Реј Моралес ги сподели очекувањата пред европските предизвици.
„Пред нас се два исклучително важни натпревари за продолжување на настапот во ЕХФ Европскиот Куп. Противникот го гледавме на видео, но не знаеме многу за него бидејќи досега не сме играле меѓусебно. Треба да сме фокусирани и да дадеме 100% од себе за да се пласираме во наредната фаза“, изјави Моралес.
Двата меча меѓу Охрид и Баку се на програмата на 11 и 12 октомври со почеток во 18:00 часот во СРЦ „Билјанини Извори“.