ТРИ ЅВЕЗДИ НА 4. КОЛО ОД СУПЕР ЖЕНСКАТА ЛИГА (АНКЕТА)

Специјализираниот портал за ракомет, 24Ракомет, сезонава повторно избира „Ѕвезда на колото“ во Супер женската лига.

Читателите ќе имаат можност да ја изберат ракометарката што најмногу покажала во колото што е завршено и да биде избрана за „Ѕвезда на колото“.

На крајот од сезоната ќе има избор и на Идеален тим на сезоната, што по четврти пат ќе биде направен во првенството на Македонија.

Читателите ќе може да гласаат за една од ракометарките, и според освоените гласови една од номинираните ќе го понесе и епитетот „Ѕвезда на колото“.

Со помош на вашите гласови ќе ја одбереме најдобрата ракометарка, која ќе биде ѕвезда, односно МВП на 4. коло од Супер женската лига.

Во изборот за ѕвезда на 4. коло има по една ракометарка од Ѓорче Петров, Вардар и Чаир.

За ѕвезда на колото може да гласате до недела до 12:00 часот.

Супер женска лига, 4. коло, резултати:

ПЕЛИСТЕР – МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА 18-29 (ИЗВЕШТАЈ)
КУМАНОВО – ВАРДАР 29-30 (ИЗВЕШТАЈ)
ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – АСТИБО 41-12 (ИЗВЕШТАЈ)
ЧАИР – СПАРТАК 36-23 (ИЗВЕШТАЈ)

СПОРЕД ВАС КОЈА Е НАЈКОРИСНА РАКОМЕТАРКА НА 4. КОЛО ВО ЖЕНСКАТА СУПЕР ЛИГА?

Андреа Илиќ - Вардар
69.49%
Рона Мифтари - Чаир
26.59%
Стефанија Ѓорѓиевска - Ѓорче Петров
3.93%

ТРИ ЅВЕЗДИ НА 4. КОЛО ОД СУПЕР ЖЕНСКАТА ЛИГА

Рона Мифтари (Чаир) – Кадетската репрезентативка на Македонија имаше одличен настап на дуелот со Спартак.

Андреа Илиќ (Вардар) – Голманката беше меѓу клучните ракометарки за големата победа среде Куманово.

Стефанија Ѓорѓиевска (Ѓорче Петров) – Левото крило на шампионот постигна 11 погодоци во мрежата на Астибо.