Илиќ е херојот, Вардар ги грабна бодовите во драмата во Куманово

Ракометарките на Вардар остварија нова победа во Супер женската лига, откако го добија драматичниот натпревар во Куманово со 30-29.

Херој на вардарки е голманката Андреа Илиќ, кој запре два удари, еден зицер и плус пенал во последните три минути.

Најпрво и одбрани шут на Павлова, потоа го запре пеналот на Азеведо, а и последниот удар од далечина на домаќинките.

Куманово водеше со три разлика, 27-24 на десетина минути до крајот, но нападот затаи, Вардар фати приклучок, а стрелец на голот вреден два бода за гостинките беше Тодоровска, кога остануваа уште четири минути.

На двете страни потоа немаше голови и на крајот се радуваа избраничките на Анжела Платон. Покрај голманката Илиќ, капитенот Миленкоска беше стрелец на осум гола, а кај Куманово се истакна Азеведо со десет погодоци.