Ракометарките на Овче Поле СУ запишаа нова победа во Првата женска лига, откако славеа на гостински терен кај Јехона со убедливи 33-11.
Предводничка во составот на Илија Бетувски беше кружниот напаѓач Елена Вучевска, која успеа да постигне девет гола во противничката мрежа.
На полувремето гостинскиот состав од Свети Николе водеше со 11-4 и ја најави убедливата победа.
Вториот дел беше само одработен рутински, а шанса за настап добија сите ракометарки од двете екипи.
Покрај Вучевска, во тимот на Овче Поле СУ, се истакна и Анастасија Сентовска со пет гола, а кај Јехона најдобра беше Сара Премческа со четири погодоци.