Голманката на Чаир успешно оперирана – Којовиќ ја чека долга пауза!

Голманката на Чаир, Магдалена Којовиќ, имаше успешна операција откако се повреди на првиот меч од Супер женската лига против Пелистер во Битола.

Страдаа лигаментите на десното колено, менискусот и р’скавицата, па Којовиќ ќе биде отсутна долго време од ракометните терени.

Таа би можела да се врати во составот на Чаир евентуално кон крајот на сезоната, односно за пролетните битки за трофеите на домашна сцена.

Стратегот Басри Љатифи и неговиот стручен штаб ќе ги имаат на располагање Катарина Митровиќ и Ема Кирова за престојните предизвици во ЕХФ Европскиот Куп и Супер женската лига.