🎥 Погоди и со „двајца на грб“: Мајсторијата на Пешевски во ТОП 5 голови во ЛШ!

На натпреварот во Лигата на шампионите против данскиот ГОГ Гудме, пивотот на Еурофарм Пелистер, Жарко Пешевски, трипати ја погоди мрежата на противникот.

Еден од неговите погодоци се најде во изборот на ЕХФ за ТОП 5 најубави погодоци на колото во елитното натпреварување.

Македонскиот репрезентативец се најде на петтото место, зад Абделрахман Абду (ПСЖ), Сергеј Марк Косоротов (Висла Плоцк), Јури Кнор (Алборг) и Леополд Ноам (Нант).

Ова е уште едно признание за формата на Пешевски, кој е меѓу клучните играчи на битолскиот состав во елитното натпреварување.