Тимот на Ајдовшчина, каде што игра македонскиот интернационалец Никола Цветаноски, обезбеди место во второто коло од Купот на Словенија.
Во првата елиминациска фаза, Ајдовшчина славеше на гостувањето кај Кочевје со 36-27, откако и на паузата имаше предност од два гола, 16-14.
Македонецот беше втор стрелец во победничкиот тим и успеа да постигне седум погодоци во противничката мрежа.
Со овој триумф Ајдовшчина се пласира во втората рунда, каде ќе има посериозна препрека, а најдобрите четири екипи во Словенија (Слован, Тримо, Целје и Горење) се пласирани директно во осминафиналето.