Денеска ќе стартува новата сезона во машката младинска лига во која ќе играат десет екипи по нов систем.
Наместо како минатата сезона, по групи регуларен дел, потоа четвртфинале и завршен турнир, сега шампионот ќе се добие по 18 одиграни кола.
Шампионите – „витамините“ од Автокоманда, ќе гостуваат кај Бутел Скопје, третотпласираниот тим од минатата сезона, додека вицепрвакот Еурофарм Пелистер ќе ја започне својата кампања дома против „сино-белите“ од Автокоманда.
Вардар на домашен терен ќе го пречека Kуманово, а в среда ќе има регионален двобој меѓу Вардар Неготино и кавадаречки Тиквеш.
Последното коло е планирано за 14 март.
Младинци, 1 коло, распоред на натпревари:
19/09, 19:00, Еурофарм Пелистер 2 – Пролет
20/09, 14:00, Вардар – Куманово
21/09, 12:00, Бутел Скопје – Мулти Есенс
21/09, 12:00, Еурофарм Пелистер – Алкалоид
24/09, 20:00, Вардар Неготино – Тиквеш