Дерби и во Автокоманда и во „Борис Трајковски“ – еве ги судиите за двете средби

Натпреварувачката комисија на Ракометната федерација на Македонија ги одреди официјалните лица за натпреварите од третото коло во Супер лигата.

Првото дерби меѓу Вардар и Охрид што ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски“ ќе го судат Славе Николов и Ѓорѓи Начевски.

Вториот дерби двобој во Автокоманда каде што ќе гостува шампионот Еурофарм Пелистер им е доверен на Исмаил Металари и Ненад Николовски.

Битолчаните Митревски и Тодоровски ќе го судат натпреварот меѓу Радовиш и Пролет, додека браќата Илиевски ќе бидат „главни“ на дуелот меѓу Бутел и Прилеп.

Супер лига, 3 коло:

20/09, 18:00, Бутел Скопје – Прилеп (Илиевски/Илиевски)
20/09, 18:00, Вардар – Охрид (Начевски/Николов)
20/09, 19:00, Пролет – Радовиш (Митревски/Тодоровски)
21/09, 18:00, Алкалоид – Еурофарм Пелистер (Металари/Николовски)
21/09, 19:00, Куманово – Еурофарм Пелистер 2 (Седлоски/Ангелески)
22/09, 18:30, Струга – Тиквеш (Андонов/Илиевски)