Францускиот ракометар Арно Бинго, кој и покрај активниот договор до со „сино-белиот“ клуб од Автокоманда доби отказ летово, најде нов клуб.
Искусното лево крило потпиша со кипарскиот шампион Анортозис Фамагуста и повторно ќе настапува во ЕХФ Европскиот Куп исто како минатата сезона.
Претходно тој играше за француските клубови Вилербан, Трембле и Монпелје, а потоа ги бранеше и боите на португалските гиганти Спортинг и Бенфика.
Новата етапа во кариерата на Бинго започнува со двомеч против израелскиот Макаби Тел Авив, кој е следниот противник на Анортозис во второто коло од ЕХФ Европскиот Куп.