Сестрите Лашкоски ќе го носат дресот на Металург Автокоманда

Сестрите Ања и Мила Лашкоски во новата сезона ќе имаат нов предизвик и ќе го носат дресот на амбициозниот Металург Автокоманда.

Ања играше за кадетската и младинската селекција на Европското првенство во Црна Гора и ги покажа своите квалитети.

Мила исто така е дел од репрезентативните состави во младинските категории, а минатата сезона двете беа дел од Ѓорче Петров 2.

Тие ќе настапуваат во кадетската лига, но ќе тренираат и со првиот состав и ќе добиваат шанса на некои од натпреварите во Супер женската лига

Ања и Мила се ќерки на поранешните македонски репрезентативци Рубин Лашкоски и Благица Паункова Лашкоска.