- Германскиот репрезентативен голман Давид Шпат ќе остане на долг рок во Рајн Некар Левен, откако ја продолжи соработката за уште три сезони. Тој ќе го брани голот на „лавовите“ најмалку до 2029 година.
- Капитенот на Мелсунген, Тимо Кастенинг, ќе биде верен на бундеслигашот на долг рок. Иако имаше многу шпекулации околу неговата иднина, сепак Кастенинг потпиша нов договор кој е валиден до 2029 година.
- Некогашниот соиграч на Никола Митревски од Порто, Себастијан Франдсен, идното лето заминува од Фредериција и ќе се пресели во друг дански тим – Силкеборг, со кој потпиша договор до 2028 година.
- Поранешниот лев бек на Куманово, Црногорецот Алекса Радичевиќ, во новата сезона ќе ги брани боите на тимот од Кувајт, Фахахел. Радичевиќ беше член на Куманово пред две сезони, а потоа играше во чешкиот Фридек Мистек.




