ТРИ ЅВЕЗДИ НА 2. КОЛО ОД СУПЕР ЖЕНСКАТА ЛИГА (АНКЕТА)

Единствениот специјализиран портал за ракомет, 24Ракомет, сезонава повторно избира „Ѕвезда на колото“ во Супер женската лига.

Читателите ќе имаат можност да ја изберат ракометарката што најмногу покажала во колото што е завршено и да биде избрана за „Ѕвезда на колото“.

На крајот од сезоната ќе има избор и на Идеален тим на сезоната, што по четврти пат ќе биде направен во првенството на Македонија.

Читателите ќе може да гласаат за една од ракометарките, и според освоените гласови една од номинираните ќе го понесе и епитетот „Ѕвезда на колото“.

Со помош на вашите гласови ќе ја одбереме најдобрата ракометарка, која ќе биде ѕвезда, односно МВП на 2. коло од Супер женската лига.

Во изборот за ѕвезда на 2. коло има по една ракометарка од Ѓорче Петров, Meталург Автокоманда и Чаир.

За ѕвезда на колото може да гласате до петок до 12:00 часот.

Супер женска лига, 2. коло, резултати:

Куманово – Астибо 25-19 (ИЗВЕШТАЈ)
Спартак – Металург Автокоманда 23-45 (ИЗВЕШТАЈ)
Пелистер – Ѓорче Петров 14-37 (ИЗВЕШТАЈ)
Чаир – Вардар 26-18 (ИЗВЕШТАЈ)

СПОРЕД ВАС КОЈА Е НАЈКОРИСНА РАКОМЕТАРКА НА 2. КОЛО ВО ЖЕНСКАТА СУПЕР ЛИГА?

Aна Марија Коларовска - Металург Автокоманда
48.72%
Ема Кирова - Чаир
43.59%
Кристина Радајева - Ѓорче Петров
7.69%

ТРИ ЅВЕЗДИ НА 2. КОЛО ОД СУПЕР ЖЕНСКАТА ЛИГА

Ема Кирова (Чаир) – Новото засилување на чаирчанки на голманската позиција се покажа во одлично издание во вториот дел на дуелот со Вардар.

Кристина Радајева (Ѓорче Петров) – Репрезентативката на Казахстан имаше деби за шампионот за „чиста десетка“.

Ана Марија Коларовска (Металург Автокоманда) – Македонската репрезентативка беше меѓу најдобрите на дуелот со Спартак и даде седум гола.