Нерамноправен беше дуелот во Битола иако гостите од Скопје, Ѓорче Петров дојдоа и играа со екипа составена претежно од македонски играчи. На крај разликата беше 37-14 (19-6) во корист на актуелниот освојувач на двојната круна.
За скoпскиот тим дебитираа и Кристина Радаева и Ана Вранчиќ, кои не беа во составот на регионалниот турнир на крајот на август. Токму Вранчиќ го предводеше тимот на Симе Симовски кон висока предност уште на полувреме, кога „лавиците“ имаа предност од 13 гола, а Вранчиќ постигна 6 гола, еден повеќе од Стефанија Ѓорѓиевска.
Во вториот дел „блескаше“ Радаева со 10 гола покажувајќи го својот квалитет.
Почетните 4-1, 7-2 и 11-3 (21 минута) покажаа кој ќе победи. Немаше дилеми, зашто пелистерки немаа ниту сили, ниту квалитетни ракометарки да парираат на добро подготвените гостински. Прашање беше само колку ќе го издржат наметнатото темпо, и дали ќе можат да имаат помала гол разлика на крајот.
Вториот дел беше уште понерамноправен. Ѓорчепетровки доминираа, и во 43 минута првпат имаа „плус 20“ гола разлика кога Радаева погоди од пенал. До крај само беше неизвесно колку ќе биде разликата.
Кристина Радаева со 10 гола (5 од пенал) беше најпрецизна на теренот, а во гостинскиот тим 6 гол ададе Ана Вранчиќ а пет Стефанија Ѓорѓиевска. Кај домашните, по три гол апостигнаа Ева Апостоловска, и Леона Елмазовска.