Селекторот на женската репрезентација на Македонија, Кристијан Грчевски, денеска ќе ја изврши првата прозивка за претстојната ЕХФ недела.
Тој ќе смета на 20 ракометарки за собирот во Охрид, каде што ќе се играат натпреварите од „Трофеј Македонија“.
Грчевски за оваа акција нема да смета на Јована Саздовска и Симона Маџовска, кои ги завршија кариерите, како и на Сара Ристовска, Јована Мицевска и Драгана Петковска.
Шанса ќе добијат сестрите Коцеви, Гошевска, Чурлиновска, Дукоска, Илиќ, Миленкоска…додека останатиот дел од националниот тим е веќе стандарден.
Македонија ќе игра против Тунис, Египет и Грција на „Трофеј Македонија“ од 18 до 20 септември во СРЦ „Билјанини Извори“.