Деспина рутински одработи против Шампион

Ракометарките на Деспина со победа стартуваа во новата сезона од Првата женска лига, откако славеа на гости кај Шампион со 29-12.

Избраничките на Зоран Спиркоски, уште по првото полувреме го решија прашањето околу победникот на овој дуел.

Прилепчанки иако во составот освен искусната Гичева, имаат само млади ракометарки, второто полувреме го одработија рутински и немаше возбудувања.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Јованоска со седум гола, односно Христоска и Ѓорѓиоска со по пет, а кај Шампион се истакна Вукељ со три погодоци.