ТРИ ЅВЕЗДИ НА 1. КОЛО ВО СУПЕР ЖЕНСКАТА ЛИГА (АНКЕТА)

Единствениот специјализиран портал за ракомет, 24Ракомет, сезонава повторно избира „Ѕвезда на колото“ во Супер женската лига.

Читателите ќе имаат можност да ја изберат ракометарката што најмногу покажала во колото што е завршено и да биде избрана за „Ѕвезда на колото“.

На крајот од сезоната ќе има избор и на Идеален тим на сезоната, што по четврти пат ќе биде направен во првенството на Македонија.

Читателите ќе може да гласаат за една од ракометарките, и според освоените гласови една од номинираните ќе го понесе и епитетот „Ѕвезда на колото“.

Со помош на вашите гласови ќе ја одбереме најдобрата ракометарка, која ќе биде ѕвезда, односно МВП на 1. коло од Супер женската лига.

Во изборот за ѕвезда на 1. коло има по една ракометарка од Ѓорче Петров, Астибо и Чаир.

За ѕвезда на колото може да гласате до петок до 12:00 часот.

Супер женска лига, 1. коло, резултати:

Ѓорче Петров – Куманово 31-21 (ИЗВЕШТАЈ)
Металург Автокоманда – Вардар 33-20 (ИЗВЕШТАЈ)
Пелистер – Чаир 17-31 (ИЗВЕШТАЈ)
Астибо – Спартак 29-29 (ИЗВЕШТАЈ)

СПОРЕД ВАС КОЈА Е НАЈКОРИСНА РАКОМЕТАРКА НА 1. КОЛО ОД СУПЕР ЖЕНСКАТА ЛИГА?

Марија Анчева - Астибо
90.12%
Катерина Дамјаноска - Ѓорче Петров
7.00%
Билјана Дамчевска - Чаир
2.88%

ТРИ ЅВЕЗДИ НА 1. КОЛО ОД СУПЕР ЖЕНСКАТА ЛИГА

Билјана Дамчевска (Чаир) – Ракометарката што одлично се снаоѓа на двете крилни позиции беше меѓу најдобрите поединци на мечот во Битола и постигна 12 голови.

Катерина Дамјаноска (Ѓорче Петров) – Македонската репрезентативка го водеше шампионот до убедлив триумф над Куманово.

Марија Анчева (Астибо) – Најдобриот стрелец во лигата години наназад и во новата сезона стартуваше со гол шоу. Успеа да даде 19 гола во ремито со Спартак.