Ракометарите на Динамо Панчево го освоија седмото место на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид.
Момците на Никола Јаневски триумфираа против шампионот на Фарски Острови, Киндил, со 28-24.
Двајцата тренери им дадоа шанса на оние со помали минутажи, ротираа многу, па на пауза се замина со реми, 12-12.





Киндил – Динамо Панчево
Во второто полувреме, српскиот тим заигра подобра одбрана, се разиграа Богдановиќ и Чабрило, па предноста отиде на плус пет, 23-18.
Во последните петнаесетина минути немаше многу неизвесност околу победникот на натпреварот и на крајот Динамо Панчево славеше убедливо.