Ракометарките на Чаир во комплетен состав ги продолжуваат подготовките за претстојната сезона во женската Супер лига и во ЕХФ Европскиот Куп.
Составот на Басри Љатифи се комплетираше со доаѓањето на парагвајските репрезентативки – Никол Орабалис и Сабрина Фиоре.
Претходно Чаир се засили со Марија Николовска, потоа Бразилката Изабела Фереира, како и Ема Кирова и Мила Трајковиќ.
На тренинзите се приклучија и македонските репрезентативки Хана и Рона Мифтари.
Чаирчанки ќе стартуваат во второто коло од ЕХФ Европскиот Куп, а за ривал го добија словенечкиот тим Млинотест Ајдовшчина.