Домаќинот на Мундијалот за кадети, Египет, успеа да се врати од „мртите“ на натпреварот против Данска.
На крајот мечот заврши реми, 29-29, иако „фараоните“ успеаја да постигнат уште еден гол по истекот на времето, но судиите не го признаа.
Иако губеа со четири гола во финишот, сепак Египќаните направија херојски камбек против еден од фаворитите.
Со овој бод, Египет е втор во групата и го потврди пласманот во четвртфиналето на домашното СП.
Египќаните во четвртфиналето ќе се сретнат со Германија, додека Данска ќе игра со Норвешка.