Некогаш големиот ривал на Кометал Ѓорче Петров доби нов тренер

Покрај Хипо и Крим, еден од најголемите ривали на Кометал Ѓорче Петров беше норвешкиот тим Ларвик.

Ларвик мина низ голема криза, почна да се враќа на старите патеки, но одново клубот има финансиски проблеми и остана без тренерот Арне Сенстад.

Сепак и покрај проблемите, клубот најде негов наследник и тоа проверено име ќе седне на клупата – шведскиот стратег Хенрик Сигнел.

Актуелниот селектор на женската селекција на Холандија, ќе има и клупски ангажман, а со Ларвик потпиша до 2028 година.

Ларвик во претстојната сезона ќе биде дел од Лигата на Европа.