Ракометарките на Вардар ги започнаа подготовките за претстојната сезона во Женската Супер лига.
Предводничката Анжела Платон ќе го има на располагање практично истиот состав од лани, бидејќи замина само Сара Богојеска.
Кадетските репрезентативки кои во моментов играат на ЕП ќе се приклучат на тренинзите по краткиот одмор по враќањето од Црна Гора.
Скоро сите останати ракометарки ги продолжија договорите, па покрај капитенот Леона Миленкоска, остануваат сестрите Попови, Мила Ристовска, Нина Милевска, Марија Голабоска, Дона Тодоровска…
Вардарки минатата сезона ја завршија на петтото место во Женската лига, а успех имаа и младинските категории на „црвено-црните“.

























