Тимот на Пелистер ќе мора да бара нов предводник за претстојната сезона во Женската Супер лига.
Борче Корлевски не е повеќе тренер на тимот што минатата сезона беше прв низ целта во плеј-аутот од Женската лига, а за причините поради кои се повлекува откри на социјалните мрежи.
Корлевски и неговите ракометарки остварија 14 победи, две нерешени средби и седум порази минатата сезона, а со кадетската екипа беше обезбеден пласман на Ф4 турнирот.
Битолчанки останаа без Дона Маркоска која се пресели во Овче Поле СУ, како и триото Моника Босилковска, Наталија Дишковска и Анастасија Дамјановска, кои се преселија во Атлетик.
За новата сезона досега се ангажирани Симона Спиркоска од Астибо, Невена Бундоска од Деспина, како и Ана Стојчевска од Младост Ресен.