Овче Поле СУ ги започна подготовките за новата сезона

Тимот на Овче Поле СУ официјално ги започна подготовките за новата натпреварувачка сезона, во која амбициозниот колектив од Свети Николе ќе се обиде да направи чекор напред и да обезбеди подобри резултати од минатата година.

Под водство на тренерот Илија Бетувски, ракометарките првите три дена ќе ги одработат на Градскиот стадион во Свети Николе, со акцент на основната физичка подготовка и враќање во ритам по летната пауза.

По почетната фаза, екипата ќе замине во Претор, каде ќе следува интензивен тренинг камп насочен кон подигнување на кондицијата и натамошно воигрување на тимот.

Позитивна вест за навивачите е што речиси целиот ростер од минатата сезона остана на располагање, што гарантира континуитет и стабилна основа за новите предизвици. Дополнително, клубот се засили со голманката Дона Маркоска, која дојде од редовите на Пелистер, а во тимот од Астибо се враќаат и Елена Вучевска и Наталија Манева, кои веќе имаат искуство со клубот и добро ја познаваат филозофијата на тренерот.