Активирана трансфер бомбата – Загреб ја промовира вардаровата легенда Карачиќ!

Прво Иван Чупиќ, па Тимур Дибиров, а сега и трета легенда на Вардар, Игор Карачиќ, многу веројатно ќе ја заврши кариерата во хрватскиот шампион Загреб.

Карачиќ потпиша договор на две години со хрватскиот првак и наредната сезона ќе ги брани боите на клубот што доминира во Хрватска цели 33 сезони.

Средниот бек го започна својот пат во Зрињски Мостар, играше за Перутнина ПИПО, Метковиќ и Босна, пред да дојде во Вардар.

Во Скопје мина најголем дел од кариерата, вкупно седум сезони и освои две титули во Лигата на шампионите.

Потоа беше шест сезони дел од Келце, а сега се реши за хрватскиот првак со кој ќе игра против Еурофарм Пелистер во ЛШ.