Уште една екс членка на Кометал ЃП и се придружи на Будимир во Војводина

Тимот на Војводина од Нови Сад полека го гради проектот за камбекот во српската елитна конкуренција.

Покрај Андријана Будимир која по долго време замина од Македонија и ќе работи во татковината, во стручниот штаб ќе биде уште една екс членка на Кометал Ѓорче Петров.

Станува збор за тренерот на голмани Бранка Јовановиќ, која доаѓа од рускиот вицепрвак Ростов Дон каде работеше минатата сезона.

Јовановиќ долго време беше дел од словенечкиот Крим, работеше со Урош Брегар во репрезентациите на Словенија и Србија, а сега се врати во татковината и ќе се обиде заедно со Будимир да ја вратат Војвидина во српската елита.