Женската младинска репрезентација на Македонија ја оствари првата, која всушност беше и последна победа на Европското првенство во Црна Гора и го освои 23 место.
Македонија славеше против Литванија со 39-38, откако Литванките не искористија последен напад за реми.
Една од најзаслужните за победата на Македонија е средниот бек Исидора Котевска, која успеа да постигне девет гола во противничката мрежа.
Тоа беше доволно за да биде прогласена за најкорисен играч во нашата репрезентација, односно МВП на мечот со Литванија.