Најтешката можна пречка за „сино-белите“ од Автокоманда во ЛЕ!

Денеска во седиштето на Европската ракометна федерација се одржа ждрепката за ЕХФ Европскиот Куп и Лигата на Европа во машка и женска конкуренција.

„Сино-белите“ од Автокоманда за ривал во квалификациското коло во Лигата на Европа го доби бундеслигашот Хановер, кој беше најтешката можна пречка.

Првиот натпревар составот на Кирил Лазаров ќе го игра на гостински терен, додека реваншот ќе биде во Скопје.

Првите натпревари од второто коло се закажани за 30/31 август, додека вторите дуели ќе се одиграат на 6/7 септември.

Покрај тимот од Автокоманда, македонски претставник кој доби директно место во Лигата на Европа е Вардар.