Денеска во седиштето на Европската ракометна федерација се одржа ждрепката за ЕХФ Европскиот Куп и Лигата на Европа во машка и женска конкуренција.
Тимот на Охрид доби ривал по мерка во второто коло и ќе игра против тимот на Баку од Азербејџан.
Првиот натпревар Охрид ќе го игра на гостински терен, додека реваншот е во Охрид, освен ако двете екипи не се договорат поинаку.
Првите натпревари од второто коло се закажани за 11/12 октомври, додека вторите дуели ќе се одиграат на 18/19 октомври.
Покрај Охрид, македонски претставници во ЕХФ Европскиот Куп се Бутел Скопје и Тиквеш.