ЕП младинки: Чешка ја шокира Унгарија, Србија и Хрватска слават главна рунда

Селекцијата на Чешка е првиот патник во главната рунда од групата А, каде што игра Македонија откако славеше против европскиот првак Унгарија, изненадувачки, со 28-24.

За второто место во ТОП 12 ќе се борат Полска и Унгарија, додека Македонија ќе разигрува за пласман на ЕП.

Домаќинот Црна Гора загуби од Данска, па ќе мора со Исланд да се бори за местото во главната рунда.

Таму веќе се пласираа Хрватска, Србија, како и Франција и Норвешка, кои запишаа втори победи во своите групи.