Екипата на Струга има амбиции да биде стабилен тим кој нема да се бори за опстанок, и затоа работи на создавање на тим кој ќе биде сериозно конкурентен. Еден од најстарите ракометни екипи во Македонија донесе двајца интернационалци кои веќе имаат искуство со играње во Македонија.
Голманот Александар Ѓурѓевиќ и десниот бек Габриел Черубим доаѓаат во Струга и ќе му бидат на располагање на новиот тренер. И двајцата во пролетниот дел од сезоната настапуваа во Велес во тимот на Борец ФЛ, и имаа забележителни настапи за велешани.
И во новата сезона лигата ќе има 12 екипи, а последниот ќе испадне директно, а претпоследниот ќе игра бараж за опстанок со второпласираниот тим од Прва лига. По регуларниот дел се планира плејоф и плејаут.
Струга сезонава играше бараж, и успеа во тој меч на неутрален терен д аго победи вториот тим од Автокоманда кој беше вторпласиран во Прва лига.
Дебито на Ѓурѓевиќ и Черубим треба да биде на турнирот во Струга кој годинава треба да се одржи од 13 до 16 август, каде домаќин е токму тимот на Струга.