ПАОК му посака добредојде на Евгениј Темелкоски

Десното крило Евгениј Темелкоски, кој беше меѓу најдобрите стрелци во Тиквеш и меѓу најдобрите во суперлигашката конкуренција, ќе има нов предизвик.

Прилепчанецот од престојната сезона ќе настапува за грчки ПАОК, кој денеска го официјализираше потписот и ги потврди најавите на 24Ракомет од пред еден месец.

Темелкоски четири сезони беше дел од кавадаречки Тиквеш, а претходно освен за матичниот Прилеп, настапуваше за Работнички и Голден Арт.

„Возбуден сум што се приклучувам во семејството на ПАОК. Чест ми е да бидам дел од еден историски клуб, со одлични навивачи и богата историја. Подготвен сум да го дадам најдоброто од себе за да имаме успешна сезона“, изјави Темелкоски.

Во штотуку завршената сезона во грчкиот ПАОК настапуваа двајца Македонци – Виктор Гигов и Дарко Георгиевски, а од ова лето таму се пресели уште еден играч на Тиквеш, голманот Игор Арсиќ.

Темелкоски со прв предизвик во странство – ќе игра во Грција!