Македонија посакува домаќинство на СП!

Ракометната федерација на Македонија испрати писмо на интерес до Светската ракометна федерација за организација на Мундијал во младинските категории.

ИХФ бара домаќини на Светските првенство за кадетки (2026,2028), младинки (2026,2028), кадети (2027,2029) и младинци (2027,2029).

Писмото на интерес на РФМ се однесува за сите настани, а кога ќе бидат испратени документи за организација од ИХФ, ќе биде одлучено за кое првенство ќе се испрати официјална апликација.

На Конгресот на ИХФ во декември ќе бидат избрани домаќините на сите Мундијали во младинските категории.

Македонија и РФМ досега биле успешни домаќини на вакви настани за сите возрасти, па нема сомнеж дека ќе биде добиена организација на ново СП.