Српскиот вицепрвак Војводина соопшти дека еден од најперспективните европски средни бекови, Стефан Додиќ, го продолжил договорот со клубот до летото 2027 година.
Српскиот репрезентативец, кој беше МВП на Европското првенство за младинци во 2022 година, пристигна во Нови Сад од словенечкиот Целје.
Неговиот ракометен пат почна во Македонија во Металург, каде работеше под водство на Лино Червар, а беше дел и од Вардар и Охрид, пред да замине во хрватскиот Загреб.
Иако оваа сезона имаше проблеми со повреди, Додиќ успеа да заблеска на неколку клучни натпревари. Особено впечатлив беше неговиот настап во Нашице против Нексе на стартот на Лигата на Европа, како и во финалето на Купот на Србија во Краљево, каде практично сам го совлада Партизан и беше МВП.
„Во Вojводина се чувствувам одлично уште од првиот ден. Имаме јасни цели, одлична атмосфера и верувам дека заедно можеме уште многу да постигнеме“, изјави младиот среден бек.
Додиќ заедно со Бразилецот Жоао Педро Да Силва ќе бидат плејмејкерите во Војводина, откако замина Белорусинот Пуховски.