Искусниот македонски ракометар Дејан Манасков останува во редовите на Еурофарм Пелистер најмалку до 2026 година.
Клубот преку социјалните мрежи го промовираше новиот договор со левото крило кое има богато интернационално искуство во големи европски клубови.
Неговиот шампионски дух беше мотив повеќе за битолчани на спектакуларен начин со триумф во Скопје кај лутиот ривал да ја освојат трета во низа шампионска титула во македонското првенство.
Меѓудругото од редовите на македонскиот шампион порачаа дека е задоволство што во своите редови имаа победник и искусен ракометар како Манасков.
Ни причинува задоволство што уште еден победник и ракометар со големо акумулирано искуство ќе настапува за Еурофарм Пелистер во домашните натпреварувања и Лигата на шампионите.
Манасков следната сезона повторно ќе настапува во Лигата на шампиони со Еурофарм Пелистер, а во својата кариера 32-годишното лево крило настапуваше за Борец, Металург, Вецлар, Рајн Некар Левен, Веспрем и Вардар.