Митун е главна ѕвезда – МВП, најдобар стрелец и најдобар асистент на СП!

Со победата над Португалија со 29-26 во финалето на Светското првенство за младинци, Данска го освои златниот медал и повторно се искачи на врвот на светскиот ракомет.

По завршувањето на шампионатот во Полска, ИХФ ја објави и идеалната постава на турнирот, во која се најдоа ракометари од пет различни селекции – сите медалисти, плус Шведска (4. место) и Египет (6. место).

Ол-Стар тим на СП 2025:

Голман: Диого Рема Маркес (Португалија)
Десно крило: Магнус Сторгорд Петерсен (Данска)
Десен бек: Николај Ларсон (Данска)
Среден бек: Аксел Монсон (Шведска)
Лев бек: Жоао Лоуренсо (Португалија)
Лево крило: Ноа Мартинсон (Шведска)
Пивот: Моаз Азаб (Египет)

МВП и најдобар стрелец: Оли Митун (Фарски Острови)

Оли Митун, фантастичниот среден бек на Фарските Острови, ги воодушеви сите и беше прогласен за најкорисен играч (МВП) на турнирот.

Митун ја освои и титулата за најдобар стрелец со 73 гола, три повеќе од Швеѓанецот Монсон, а истовремено беше и најдобар асистент со вкупно 54 асистенции.

Ова е втор ваков успех за Митун, кој беше најдобар стрелец и на СП за кадети во 2023 година.