ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Се враќа капитенот Стојановски, уште една промена кај Македонија

Машката младинска репрезентација на Македонија денеска го стартува разигрувањето за пласман од 25 до 28 место на Мундијалот во Полска.

Ривал на избраниците на Раде Стојановиќ ќе биде селекцијата на Бразил, која загуби од Полска во претходната фаза, а го совлада Уругвај.

Стојановиќ за овој дуел направи две промени. Во ростерот се враќаат капитенот, левиот бек Андреј Стојановски и десното крило Александар Петковски.

Надвор од комбинација останаа десното крило Јован Даневски и левиот бек Тодор Узунчев.

Натпреварот меѓу Македонија и Бразил се игра во салата „Легионов“ во Келце со почеток од 16:15 часот.

Доколку слават нашите момци ќе играат против победникот од дуелот САД – Бахреин за 25 место, доколку не со поразениот од тој дуел за 27 место.

Состав на Македонија: Галевски, Брестовац, Субашевски, Стојановски М., Петковски, Белистојаноски, Карасманакис, Михајловиќ, Глигоров, Димевски, Димковски, Стојановски А., Шулески, Калајџиески, Дамјаноски, Узунчев Д.